МВР: 51 лице не ја почитувале забраната за движење во полицискиот час

Сподели

 

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата држава 51 лице не ја почитувале забраната за движење, при што приведени  се 34 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци  за изминатото деноноќие на  72 лица им се издадени решенија за изолација, а 57 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, две лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.