ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ-8. Утринската температура ќе се движи од 11 до 17 степени, а дневната температура ќе се движи од 25 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. УВ-8. Утринската температура ќе достигне до 15 степени, а дневната температура до 30 степени.

 

 

И во вторник ќе се задржи топло време, но во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Значителна промена на времето ќе има во среда, кога ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Облачно, посвежо и ветровито со повремени врнежи од дожд ќе биде во четврток, а од петок времето ќе се стабилизира.