15. јули неработен ден – Гласањето ќе започне во 7 часот и ќе трае до 21 часот

Сподели

 

Владата на вчерашната 68-ма седница донесе Уредба со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на 15 јули 2020 година.

Молкот пред денот на гласање ќе настапи на крајот на денот 12 јули, недела. Гласањето на 15 јули ќе започне во 07 часот и ќе трае непрекинато до 21 часот.

На 13 и 14 јули, односно понеделник и вторник, ќе бидат деновите кога ќе гласаат болни и изнемоштени лица, вклучително и граѓани кои се позитивни на корона вирусот, дома или во болници, како и граѓани кои се во самоизолација и хронично болни граѓани.

Министерството за здравство се задолжува, според утврдените протоколи од Комисијата за заразни болести, за потребите на изборите, а по добиени податоци од Државната изборна комисија, да обезбеди заштитни маски, ракавици и друга потребна заштитна опрема за сите членови на изборните органи, како и средства за дезинфекција на секое избирачко место.

Изборниот ден во среда 15 јули, ќе биде неработен за сите граѓани на земјава.