ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗA – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето претпладне ќе биде сончево со умерена променлива облачност, а попладне и особено во планинските региони ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Долж пошироко повардарието ветерот краткотрајно ќе засилува. УВ=7. Утринската температура ќе се движи од 9 до 19, а дневната температура од 18 до 30 степени.

Во Скопје претпладне сончево со умерена променлива облачност, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе  достигне до 15 степени, а дневната температура до 29 степени.