Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев објави дека неговата официјална фејсбук фан страница е хакирана.
„Хакирана е мојата официјална Facebook страница (Stefan Bogoev). Проблемот е пријавен до надлежните институции и Facebook. Барам итно решавање на овој проблем и враќање на страницата во функција“, објави Богоев.
Случајот е пријавен до Владата и МВР, а вечерва ќе ја известам и Амбасадата на САД, како и делегацијата на ЕУ во Скопје, пишува Богоев.