Трет донор од Македонија дарува клетки за пациент од друга држава

Сподели

 

„Во изминатите два дена се спроведе колекционирање на хематопоетски матични клетки од доброволен донор од нашата земја кој дарува за непознат пациент од Бугарија. Ова е третпат како донор од Северна Македонија дарува за пациент од друга земја. Клетките се користат за трансплантација на коскена срцевина кај хематолошки болни пациенти. Упатувам голема благодарност за храброста, алтруизмот и хуманоста на донорот кој без двоумење прифати да дарува матични клетки. Со овој чин, спасуваме човечки животи. Спасуваме животи на наши блиски, роднини, пријатели. На пациентот од Бугарија му посакувам побрзо закрепнување“, изјави директорот на Институтот за трансфузиона медицина, д-р Седула Усеини.