ДКСК ќе ја разгледува постапката при изборот на ректор на УКИМ

Сподели

 

ДКСК на седницата ќе расправа по предметот оформен по сопствена иницијатива заради постоење на сомневање за прекршување на членот 8-а став 1 алинеа 3 од Изборниот законик во постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, како и по други предмети поврзани со изборниот период 2020 година.

Согласно препораките на Владата за спречување на ширењето на Ковид-19, како и немањето услови за присуство на новинарски екипи во овој период, седницата ќе се одржи без присуство на медиуми, a во живо ќе биде пренесувана на линкот https://us02web.zoom.us/j/86398457855.