Груевски во Брисел на средби со лидери на народни партии

Сподели

gruevski-brisel

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска, придружуван од претставници од партијата е во дводневната работна посета на Брисел.

За време на посетата, како што соопштуваат од партијата, Груевски ќе се сретне високи претставници на матичната европска партија, Европската народна партија (ЕПП), како и со други европски политичари.

Груевски, кој е придружуван од министрите за надворешни работи и за здравство Никола Попоски и Никола Тодоров, и пратениците Александар Николоски и Владимир Ѓорчев денеска се сретнал со европратениците Маријана Петир, Милан Звер и Едвард Кукан, како и со германскиот федерален министер за храна и земјоделство од Баварија, Кристијан Шмит.

– Средбите одлично поминаа. Ние сме дојдени во партиска посета, во контекст на евроатлантските интеграции на Македонија и во контекст на намалување на штетите од политичката криза во Македонија. Во однос на евроатланстските интеграции, дојдени сме на средби со повеќе пријатели на Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ. Со нив денеска имавме контакти, а ќе ги продолжиме и утре – рече Груевски.