„Чувството беше дека Народна банка ни правеше тежок злочин сличен на Холокаустот цела година одземајќи ни ги сите права да работиме со правни и физички лица. Точно до 12 август 2020 година и покрај фактот што додатно вложивме 10 милиони евра свежи пари. За жал и во овие години ќе се борам вистината да излезе на виделина. Во ниеден момент не барам амнестија за мене и нашата вина што на раководни позициии ставивме луѓе чија лукративност е дно. Ама во ниту еден момент не се откажавме да ја спасиме банката вложувајќи свежи пари. Убеден сум дека од осамостојувањето па до денес, полоша кадровска екипа која ја видела оваа институција сме немале“ – вели Трифун Костовски за тв 24, откако Народна банка ја укина дозволата за основање и работење на Еуростандард банка и најави отворање на стечајна постапка.
Изјавата на Костовски во целост прочитајте ја тука TV24