ДУИ: Опозицијата го напушти сојузот и ги поткопува Албанските преговарачки позиции

Сподели

Сојузот на албанските парламентарни партии беше основан после парламентарните избори од 11 декември 2016 година, преку Заедничката Декларација на партиите претставени во претходниот собраниски состав. Речиси сите обврски од заедничката Декларација беа реализирани во текот на претходниот мандат, од јазичната рамноправност, заокружувањето на нормативниот дел од Охридскиот Договор, изборот на првиот претседател Албанец на Собранието, новото министерство за политички систем, Преспанскиот договор и договорот за добрососедство, уставните измени, реформите во безбедносниот систем и владеењето на правото и борбата против корупцијата, членството во НАТО и преговорите за членство во Европската Унија.

Врз основа на тоа, како победници на изборите од јули и како партија која го има легитимитетот од Албанците, Демократската Унија за Интеграција иницираше состанок на 13 август, на годишнината на Охридскиот Договор, после потврдувањето на изборните резултатите и конститутивната седница на Собранието и откако и лидерот на Албанците, г. Али Ахмети лично ги контактираше по телефон сите претседатели на партиите од Албанскиот блок.

Во овие разговори, г. Гаши изрази подготвеност за средбата и после консултациите со г. Села, два дена подоцна тој се откажа. Г. Села бараше состанокот да биде одржан по верификацијата на мандатите, но и тој се премисли. Додека г. Касами ја прифати поканата и го остваривме состанокот, а г. Тачи после првиот разговор, не се јави повеќе.
Сите наеднаш заборавија на нивните ветувања и средбата со г. Ахмети ја заменија со средба со г. Заев чекајќи на ред и не почитувајќи ја волјата на Албанците и намерно обезвреднувајќи ги преговарачките позициите на Албанците.

Уште од предизборието, и потоа, овие партии ги променија нивните ставови неколку пати по ред. Затоа, вчерашниот состанок беше свикан за да се дискутира во однос на нашите заеднички приоритети а не за да се обезбедиме поддршка, туку да ги поканиме дс споделиме одговорности и заеднички да станеме дел од градењето на историјата и да ги споделиме успесите.Наспроти јавните афирмативни изјави, албанските партии, без никаква причина одлучија да го напуштат Сојузот и нашата искрена понуда да ги споделиме одговорностите.

Граѓаните се тое кои што ги проценуваат сите наши намери и следствено на тоа тие ги определија улогите на сите партии за следните четири години, затоа ние ќе го предводиме обединувањето, и покрај сите пречки, опструкции и обиди за влез од споредните влезови, од прозорците и подрумите. ДУИ и г. Ахмети ќе ја продолжат светата мисија да ги обединат Албанците и наспроти пречките се додека не се создаде обединета достоинствена опозициска алтернатива која што нема да работи за пропаст и неуспех, туку за градење и обединување