Заев: На сите припадници на Армијата и на сите граѓани им го честитам 18 август – Денот на Армијата

Сподели

 

По повод Ден на Армијата, лидерот на СДСМ, Зоран Заев упати честитка до припадниците на армијата и до сите граѓани:

“На сите припадници на Армијата и на сите граѓани им го честитам 18 август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија. 

Денес, нашата Армија е рамноправен дел од најсилниот воено-безбедносен сојуз, а нашите војници, рамо до рамо со 29-те армии кои се дел од НАТО Алијансата. Денес, припадниците на нашата Армија се гаранти и на регионалниот и светскиот мир и стабилност,

На сите припадници на Армијата им упатувам искрена благодарност за храброста, посветеноста, професионалноста и несебичниот ангажман кои го даваат во заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на нашата држава и сите нејзини граѓани.

Нека е честит 18 август – Денот на Армијата.”