Димитров: Првата меѓувладина конфереција со ЕУ во декември

Сподели

 

На 8 септември во Брисел земјите-членки ќе имаат дебата околу една верзија на предлог-преговарачката рамка, што ќе ја претстави германското претседателство со Европската Унија, изјави на денешната прес-конференција, вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров.

-Планот на Берлин во рамки на можностите во едно вакво време е овој процес да финишира во последниот месец од оваа година. Очекувањата на германското претседателство е првата меѓувладина конфереција да се случи во декември оваа година, рече новиот вицепремиер задолжен за европски прашања.