Премиерот Зоран Заев најави дека Владата наскоро ќе донесе одлуки согласно кои ќе може да се реши проблемот со дивоградбата која се гради кај Мавровка во Скопје.
-Денеска ќе донесеме конкретни одлуки. Не би сакал да ги кажам однапред зошто за тоа е надлежна Владата, а не само премиерот. Правните постапки како треба да пристапи Владата во испорачување на помош на локалната самоуправа се определени. Општина Чаир, има записник и решение, но нема фирма извршител која ќе го спроведе решението за уривање на објектот кој не е во согласност со законската документација. Штом ќе ја донесеме одлуката ќе ја објавиме и верувам дека активностите на терен ќе почнат многу бргу за да се справиме со тоа незаконско дејание што ни се случува дрско пред очите на целата јавност, соопшти премиерот Заев.