Дополнителна исплата на паричните права од социјална и детска заштита, за корисниците-клиенти на ЕУРОСТАНДАРД банка

Сподели

 

Министерството за труд и социјална политика известува дека надлежниот центар за социјална работа назначува старател за посебен случај на корисници на парични права од социјална заштита, кои не се во можност самостојно да се грижат за своите права и интереси ( корисници на надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок заради попреченост, стари и немоќни лица), а кои имале трансакциска сметка во  „Еуростандард Банка“ АД Скопје.

За отварање на нова трансакциска сметка во друга банка,  близок сродник или лице кое се грижи за корисникот може да поднесе барање за назначување на старател за посебен случај до центарот за социјална работа.

Кон барањето се доставуваат следниве докумети:

1. Копија на Извод од матична книга на родените, за корисникот. 

2. Копија на Извод од матична книга на родените, за лицето кое се назначува за  старател за посебен случај.

2. Лични карти на увид (за корисникот и лицето кое се поставува за старател за посебен случај).

3. Медицинска документација за корисникот.

4. Лекарска потврда за психофизичка состојба од матичен лекар за лицето кое се назначува за  старател за посебен случај.

Воедно Ве информираме дека ќе има дополнителна исплата на паричните права од социјална и детска заштита, за корисниците кои беа клиенти на ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД Скопје, а кои во дадениот рок (до 25.08) не успеале да отворат нова трансакциска сметка во друга банка или да поврзат постоечка трансакциска сметка во друга банка заради исплата на паричните права, која се реализира овие денови.

Имено, на координативниот состанок со банките, МФ и НБРМ беше договорено исплата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и  згрижувачките семејства за август 2020 година,  да се врши и во дополнителни датуми на 11, 18 и 25 септември 2020 година, при што податоците за корисниците од Банките до Министерството за труд и социјална политика ќе бидат доставени на 7, 14 и 21 септември 2020 година.