Мицкоски има директна одговорност што цената на струјата се покачи за 100%

Сподели

 

Зголемување на цената на електричната енергија за 100%, укинување на евтината тарифа на струјата, зависност на државата од увоз на струја се достигнувањата на Христијан Мицкоски како директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ/ЕЛЕМ) и советник за енергетика на Никола Груевски.

Христијан Мицкоски како најнеспособниот директор на ЕСМ водеше најлоша енергетска политика и наместо на граѓаните мислеше само на своите бизниси со хидроцентралите, кои ги доби од владата во која беше советник и кои профитирале безмалку милион евра.

Затоа е лажна неговата загриженост за цената на струјата и затоа е лицемерен неговиот протест денеска кој е со единствена цел – да си ја одбрани фотелјата во белиот дворец.

За разлика од неодговорниот однос на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, сега ЕСМ не купува електрична енергија, туку продава енергија на европските пазари и за две години продаде енергија во вредност од 40 милиони евра.

Оваа компанија сега има добивка од 80 милиони евра, за разлика од загубите во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните денес користат дневна евтина тарифа на струјата, истата онаа што Мицкоски ја укина и на чие повторно воведување, ВМРО-ДПМНЕ силно се противеше.

Денес, пазарот на електрична енергија е либерализиран за сите потрошувачи, вклучувајќи ги и домаќинствата и преку моделот на универзален снабдувач се штитат граѓаните од пазарен ценовен шок.

Мицкоски покажа дека не го бидува за ништо освен за одбрана на криминал и остварување на сопствените бизнис интереси – се наведува во соопштението на СДСМ, по најавата за денешните протести на ВМРО-ДПМНЕ.