Академијата за филмски уметности и науки соопшти дека воведува нови стандарди за наградата најдобар филм како дел од нивната иницијатива под името Academy Aperture 2025.
Целта на оваа иницијатива е да се зголеми разноликоста на актерите, но и на целата екипа која што работи зад камерите. По овие стандарди треба да бидат претставени луѓе од различна раса, националност и сексуална ориентација. За еден филм да може да биде номиниран за наградата најдобар филм од 2024 година треба да исполнува барем 2 од овие стандарди.
Најавени се А, Б, Ц и Д стандарди и секој од нив се однесува на различен дел од екипата:
- А стандардот се однесува на актерите кои се одбрани и темата на филмот,
- Б стандардот се однесува кон креативниот лидер и тимот на проектот,
- Ц стандардот се однесува кон можностите за пристап до индустријата,
- Д стандардот се однесува кон развој на публиката.