Обвинителката Русковска го тужи ВМРО-ДПМНЕ за предизборен спот

Сподели

 

Шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска го тужи ВМРО-ДПМНЕ бидејќи нејзиниот лик беше употребен во предизборните спотови во негативна конотација, односно како личност „која е извршител на власта“.

Русковска пред граѓанскиот суд бара отштета од 10.000 евра од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои, ако ги добие, како што изјави за ТВ Телма, ќе ги даде во хуманитарни цели, односно ќе ги донира на СОС Детското село. Судењето почнува на 23 септември, потврди Русковска.

“Отштетата од десет илјади евра ќе ја донирам во СОС Детското дело. Најпрвин од нив побарав извинување и повлекување на спотовите додека траеше предизборната кампања, но тоа не се случи и од тие причини преку адвокат ја поднесов тужбата. Сметам дека тој износ е еден реален износ, повеќе симболичен, а доколку со правосилна пресуда ми биде досуден износот, по одбивањето на трошоците, сакам да ја донирам сумата во СОС Детско село. Во оваа пандемија малку и се заборави на оваа институција, а тие опстојуваат токму од донации на граѓани и компании”, изјави Русковска.