Денеска започнува ЕХО Фестивалот за планински филм

Сподели

 

Денеска во кино Милениум и кино Фросина, со филмски проекции започнува ЕХО Фестивалот за планински филм.

Овогодинешното издание на Ехо ќе биде со бесплатен влез, но согласно протоколите за безбедност оваа година – влезот ќе биде регулиран со влезници, кои бесплатно може да се резервираат преку сајтот https://bileti.mkc.mk

Програмата оваа година ќе ја сочинуваат 29 филмови од автори од 15 земји и ќе биде поделена во два блока секоја вечер – паралелно во две кино сали (Милениум и Фросина). 

Оваа година, согласно веќе познатите мерки и протоколи, бројот на публика на нашиот Фестивал ќе биде неколкукратно помал поради скоковите/празнините помеѓу местата кои треба да бидат обезбедени во салите.