Се одржа седница на Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во земјата

Сподели

 

Премиерот Зоран Заев претседаваше со седницата на Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во земјата, како прва седница по изборот на новата Влада.

Советот, како тело кое што ја координира безбедносно-разузнавачката заедница во врска со прашања од интерес на националната безбедност, покрај претседателот на Владата, кој претседава со седниците, го сочинуваат и првиот заменик на претседателот на Владата, задолжен за координација на политичките прашања на ресорите и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, министерот за внатрешни работи, министерот за одбрана, министерот за надворешни работи, директорот на Агенцијата за национална безбедност, директорот на Агенцијата за разузнавање и раководителот на надлежната организациска единица за воена безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана, како и секретарот на Канцеларијата на Советот.