Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на денешната средба во Брисел разговарале за политичката криза во земјава и за нејзино враќање на патот на евроатланските интеграции, вели Маја Коцијанчич за Meta.
„Лидерите веќе изгубија премногу време. Повеќе од итно е да се вратат на преговарачката маса и да го имплементираат Договорот од Пржино. Треба да се создадат услови за веродостојни избори, да се развие владеењето на правото и сите страни да дадат поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство, како и да се имплементираат реформските приоритети“, рече Коцијанчич.