ДОМ: Нека ни е честит и вековит празникот на македонскиот непокор!

Сподели

 

На овој ден, во 1941 година, со акциите на партизанските одреди во Прилеп и Куманово, во Македонија започна антифашистичката народноослободителна борба. Во борбата против фашизмот, обединети од иделите за слобода, еднаквост и правда, масовно се вклучија македонските граѓани од различна етничка, верска и социјална припадност и се изборија за слободна независна македонска држава.

На овој светол ден од македонската историја, им се заблагодаруваме и им оддаваме почит на сите знајни и незнајни херои од НОБ. По тој повод, делегации на ДОМ ќе положат цвеќе пред спомен-обележјата од НОБ во Скопје, Прилеп и Куманово.

Нека ни е честит и вековит празникот на македонскиот непокор!

ДОМ