Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 755 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.