МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 7 до 12 степени, а дневната од 13 до 17 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Температурата ќе се движи од 12 до 17 степени.