ВМРО-ДПМНЕ за денеска најави нови протести во Скопје и други 15 градови

Сподели

 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за денеска најави нови протести во Скопје и во уште 15 градови во Македонија. Протестите се организирани под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“. 

“Денес е денот кога сите граѓани на Република Македонија ќе продолжат заедно во битка за одбрана на честа и достоинството на македонската држава.

Време е да се каже доста е на понижување и распродажба на државните и национални интереси. Токму затоа сите граѓани заедно сплотени, во масовен број и ќе испратат порака дека Зоран Заев и СДСМ мора да заминат час побрзо бидејќи на Македонија и донесоа само порази и неуспеси.

Денес е моментот кога граѓаните на Куманово, Македонска Каменица, Пробиштип, Делчево, Пехчево, Берово, Виница, Радовиш, Валандово, Дојран, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид ќе се обединат против злото наречено Зоран Заев и СДСМ”, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

denesmagazin.mk