На денешната седница е донесена Одлука за давање согласност за прифаќање на конечната понуда на Халкбанк АД Скопје за склучување на Договор за соработка со АД „Пошта на Северна Македонија“ и го одобри Договорот за утврдување на висината на надоместоците за вршење на услуги во АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје во име и за сметка на Халкбанк АД Скопје.
Со оваа одлука Владата на Република Северна Македонија во својство на Собрание на акционери на Акционерското друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје, ја прифати како најповолна понудата на Халкбанк АД Скопје согласно двата усвоени критериуми за евалуација на понудата, и тоа во однос на рокот за почеток на имплементација на договорот од 2 месеци, како и во однос на процент на поделба на остварениот заеднички приход во висина од 71% за „Пошта на Северна Македонија“ со 29% за Халкбанк АД Скопје.
Владата ја разгледа и усвои Информацијата за финансиската состојба на АД „Пошта на Северна Македонија“ Скопје во услови на пандемија со КОВИД-19 и стопирање на финансиските услуги поради стечај на Еуростандард банка АД Скопје, и донесе Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година и ја донесе Одлуката за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година исклучиво за намената за која што се доделени, односно заради исплата на плати на вработените.
denesmagazin.mk