МАКЕДОНСКИ ХЕРОИ И ПОДВИЗИ ВО 2020 ГОДИНА

Сподели

 

 НОВОГОДИШЕН ИЗБОР НА ДЕНЕС МАГАЗИН

Секаде во светот на крајот на годината одделни медиуми и граѓански форуми прогласуваат личности и настани коишто со своите исклучителни активности придонеле за афирмирање и хуманизирање на своите општества.

Во таа насока и нашиот портал, ДЕНЕС магазин, врз основа на секојдневните новинарски извештаи и одгласите на пошироката јавност, направи избор на пет личности и институции за кои што смета дека заслужија да бидат прогласени за македонски херои и подвизи во 2020 година.

Според добиените резултати таа почест им припадна на следните носители:

1.Медицинските работници, на чело со министерот Венко Филипче во тешката и деноноќна битка со пандемијата на смртоносиот вирус Ковид-19, во кој што ризикувајќи ги своите животи спасија илјадници човечки животи.

 

 

2. Хируршката екипа во Државната кардио-хирургија, предводена од Д-р Сашко Јовев која што изврши вградување на вештачко срце и прва успешна трансплантација на човечко срце во Македонија, што во медицинската наука се смета за врвен хируршки потфат.

 

 

3. Документарниот филм “Медена земја” и главната протагонистка Атиџе Муратова, добитници на повеќе највисоки најголеми признанија и кандидат за наградата “Оскар”, во афирмацијата на еколошката свест за заштита на природните богатства и на човековата околина.

 

 

4. Фармацевтската компанија “Алкалоид” и нејзиниот ген.директор Живко Мукаетов, која што и во најтешки економски и финансиски околности во државата инвестираше во изградба на нова модерна фабрика за лекови, одржувајќи чекор со најреномираните фармацевтски индустрии во светот.

 

 

 

5. Македонската фудбалска репрезентација, предводена од капитенот Горан Пандев, за нејзиниот историски подвиг да оствари пласман на Европското фудбалско првенство, со што се оствари сонот на многу претходни фудбалски генерации.

 

 

denesmagazin.mk