Северна Македонија добива 800.000 дози од Фајзер, 5.850 стигаат во февруари

Сподели

 

Република Северена Македонија, ќе добие 800 000 вакцини против Ковид 19, од прозиводителот Фајзер.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во директни преговори со овој производител, обезбеди вакцини за цела 2021 година.

Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата прозиводител на вакцини против Ковид 19.

Првите 5850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февраури, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди, соопштуваат од Министерството за здравство.

Нашата земја навремено почна со подготвоките за вакцинација против Ковид 19 и постоечката функционална и одлично поставена здравствена инфраструктруа каде досега се врши вакцинација за други болести, е подготвена за имунизација против корона.  

Вакцината на Фајзер се чува во фрижидери на -70 степени целзиусови, а истите во нашата земја ќе пристигна месецов.

Регулаторните медицински агенции европската ЕМА и американската ФДА имаат дадено одобрение за вакцината на Фајзер.