Министерот за здравство д-р Венко Филипче во синоќешното гостување во Клан телевизија истакна дека Европската Унија ќе излезе како победник и покрај сите предизвици со кои се соочува, ќе им помогне во процесот на имунизација на земјите кои не се членки на Унијата. Филипче потенцираше дека целта е да се постигне колективен имунитет, а тоа значи во сите држави да се спроведе процесот на имунизација, со што би се сменила сликата за пандемијата.
-Уверен сум дека и во оваа криза ЕУ ќе излезе победник и дека ќе може сепак да им помогне на земјите кои не се членки на Унијата, свесни дека е тоа исклучително битно, во смисла, дека не смее да остане едно подрачје невакцинирано, бидејќи целокупниот концепт на имунизацијата нема да може соодветно да се спроведе. Идејата на имунизацијата е да се постигне колективен имунитет, а тоа значи во сите држави да се спроведува процесот на имунизација за дефинитивно да се смени сликата за пандемијата – рече Филипче.