Заев: Континуирано работиме на подобрување на економските политики

Сподели

 

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил посочува дека континуирано се работи на подобрување на еконосмките политики со цел зголемување на конкурентноста на деловниот сектор и отворање на нови работни места.

“Континуирано работиме на подобрување на економските политики за зголемување на конкурентноста на деловниот сектор и отворање нови работни места. Владата на 41-вата седница ја донесе Програмата за економски реформи 2021 – 2023 година, која како обврска е дел од реформите согласно евроинтеграцискиот процес. Овој стратешки документ e исклучително важен дел од пристапниот процес кон Европската Унија.
 
 
 
Програмата за економски реформи содржи:
✅ макроекономски проекции;
✅ план на Буџетот за наредни три години;
✅ структурни реформи кои влијаат на економскиот раст.
Спроведување на овие реформи се стратешка определба и приоритет за придвижување на економијата и забрзан раст.”