Израел излегува од карантинот

Сподели

 

Израел повторно отвори поголем дел од економијата и многу јавни услуги и покрај континуираното ширење на ковид-19 во таа земја. На 21 февруари им беше дозволено на израелските малопродажни продавници и трговски центри, некои одделенија од средно училиште и други јавни услуги да дозволат ограничен број луѓе. Спортските сали, хотелите и театрите беа отворени за оние со таканаречени „Зелени пасоши“, покажувајќи дека добиле две дози од вакцина против коронавирус најмалку пред една недела, пренесува РСЕ.

Олеснувањето дојде кога израелското Министерство за здравство објави дека вакцината на Фајзер е скоро 99 проценти ефикасна во спречување на сериозни болести и смрт од ковид-19, обезбедувајќи први во светот податоци од големи размери за оваа вакцина. Израел го предводи светот во трката за вакцинирање на своето население. Со една доза е вакцинирана скоро половината од 9-те милиони жители на таа земјата. Околу 2,9 милиони граѓани веќе ја имаат примено и втората доза. Сепак, вирусот продолжува да се шири во Израел, делумно поттикнат од присуството на нов сој, кој најпрвин бил идентификуван во Британија, а оттогаш се најде во десетици земји.