Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска на граничниот премин Табановце ќе ја пречека делегацијата предводена од министерот за здравство на Република Србија Златибор Лончар кој ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата Фајзер, соопштуваат од министерството за здравство.
Првиот контингент од 4.680 дози од Србија пристигнаа на 14 февруари, кога српскиот претседател Александар Вучиќ на граничниот премин Табановце му предаде вакцини на премиерот Зоран Заев.