Владата најостро ги осудува нападите врз новинарите што случија за време на протестите после судските одлуки во случајот „Монструм“.
Во демократски општества секој има право на изразување незадоволство, но насилничките инциденти се неприфатливи и недозволиви.
Поаѓајќи од својот јасен став за нула толеранција за ваквите инциденти, Владата укажува дека секој напад врз медиумските претставници, физички или вербален, ќе биде најостро осуден и санкциониран и дека сите институции во државата, како и обвинителството и судовите, треба да постапуваат максимално брзо и професионално за било кој напад или закана против медиумските работници.