Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, навести можна кандидатура за претседател на претседателските избори во САД во 2024 година. Во својот говор на Конференцијата за конзервативна политичка акција во Орландо, Флорида Трамп ги демантираше гласините дека планира да формира нова партија.
„Не стартуваме нови партии. Ние ја имаме Републиканската партија. Ќе биде силна и обединета како никогаш порано. Со ваша помош ќе го вратиме Претставничкиот дом, ќе го добиеме Сенатот, а потоа републикански претседател триумфално ќе се врати во Белата куќа. Се прашувам кој ќе биде тоа?“, – изјави Доналд Трамп.
Тој на средбата потенцираше дека на изборите во ноември минатата година изгубил поради изборна измама, нагласувајќи дека Америка под водство на актуелниот претседател Џо Бајден паднала од првото на последното место.