Дидактичка изложба на Институтот за мода “Изет Цури“

Сподели

 

Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“, по повод Меѓународниот ден на жената, на 6-ти, 7-ми и 8-ми март 2021 година, ќе ги отвори своите врати за сите љубители на модниот дизајн и модната едукација.
 
 
 
 
Преку дидактичката изложба, посетителите ќе ја имаат можноста да се запознаат со тековните проекти на студентите и предметите што се изучуваат на нашата институција, да ги видат фазите на подготовка и реализација на облека и модни додатоци и одблиску да се запознаат со едкуативниот процес. Нашиот тим и студентите со задоволство ќе одговорат на прашањата поврзани со изложените проекти и процесот на професионална едукација.
 
 
 
 
Деновите на „отворените врати“ ќе бидат организирани со почитување на протоколите за Ковид-19.
 
Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“,  е со седиште на ул. Битпазарска бр. 127, Скопје, на 6, 7 и 8-ми март, од 11 до 17 часот.