Филипче. Навремено пристапивме во преговори за вакцини со сите компании

Сподели

 

Владата од самиот почеток ги користи сите механизми за набавка на вакцини против Ковид 19, не постојат никакви пропусти во административните процедури од наша страна, ги користиме сите можности за набавка на вакцини, истакна министерот за здравство д-р Венко Филипче во вечерашната емисија „И што сега“ на МРТВ. Министерот рече дека набваката на вакцини во цел свет оди тешко, околу 120 земји воопшто не почнале вакцинација, во светски рамки постојано се менуваат плановите за достава на вакцини. Филипче посочи дека состојбата  е толку неизвесна и толку флуидна што секој ден имаме нови информации, променети рокови или количини и тоа е така секаде во светот.
 
-За вакцини се бори целиот свет, за што поголеми количини на вакцини, а секаде ги нема доволно. Ги нема кај производителите кои први ги завршија клиничките студии, нема доволно количини и кај оние кои нешто покасно ги завршија клиничките студии. Ние пред неколку недели ја добивме првата количина на вакцини со трипартитен договор помеѓу нас, Србија и компанија Фајзер стигнаа 8000 вакцнини за кои направивме еден сосема солиден план, а тоа е да се покријат буквално сите здрасвтвени работници кои се на првата линија и имаат најголем ризик да бидат заболени од ковид 19. Во нашата земја на крајот од викендов ќе имаме околу 4000 вакцинирани здравствени работници, а од 11 март започнува и ревакцинацијата на здравствените работници кои ја примија првата доза на вакцината – рече Филипче.
 
Министерот истакна дека компаниите целиот овој период се под огромен притисок од сите земји во светот, околу 120 земји воопшто не почнале вакцинација. Европските земји имаат навистина мал опфат 2,5% вакцинирани во Австрија, под 5% вакцинирани во Германија, во Универзитетската болница во Фракнкфурт од 8000 вработени, вакцинирани се само 500, објасни Филипче, посочувајќи дека  во светски рамки постојано се менуваат плановите за достава на вакцини.
 
-Целиот овој период отворено и транспарентно споделувавме информации, онака како што ги добивавме од производителите на вакцини. Свесни сме дека и тие компании беа под огормен притисок буквално од сите земји во светот. Конкретно за Фајзер, ни беше најавено дека ќе стигнат дозите во месец февруари и ние тоа го споделивме со јавноста, меѓутоа очигледно под огромен притисок е и самата компанија од буквално сите земји во светот недоволен капацитет дури и во месец февруари и нешто намален за да производствените капацитети се надградат за да може до крај на годината да се испорачат 30% повеќе од тоа што иницијално било планирано. Тоа ја зафати и нашата земја и во таа смисла во првиот квартал во месец март, најавија околу 20 000 вакцини понатаму до 800 000 вакцини распределени во следните три квартали. Тие се информациите кои сега ги знаме и искрено се надевам дека компанијата ќе може да постигне и да го исполни ова што денеска ни стигна како информација. Навистина долго го чекавме договорот, меѓутоа сме исто така свесни дека огромен број на земји го прават истото – рече Филипче.
 
Министерот посочи дека имунизацијата на населението сигурно ќе биде во текот на овој месец, ако се водиме според најавите и на производителите со кои сме во директни преговори, но и според најавите од Ковакс механизмот.
 
-Ги очекуваме вакцините преку КОВАКС системот, и ги очекуваме и руските вакцини имаме иницијална најава од денешните состаноци дека тоа може да се случи викендов. Но потенцирам дека сега имаме искуство, и сите земји имаат искуство, сите се соочија со тоа, односно тоа што иницијално им беше ветено и укажано од компаниите едноставно не се случи. И механизмот на солидарност на земјите членки на ЕУ не профункциниора токму поради тоа. Австрија на пример од планираните 230 000 дози за месец јануари, доби 23 000. Бугарија бара вакцини од Германија, но веќе во вториот квартал производствените капацитети на фабриките значајно се зголемуваат и мислам дека огромен број земји ќе го решат проблемот со почетокот на имунизацијата – рече министерот.
 

Филипче потенцираше дека од самиот почеток сите постапки и набавки кои зависеа од нашите институции беа направени во најкус можен рок, како што и во најкус рок ги доставивме сите барања, документи до сите компании, институции со кои комуниицраме и од кои зависи набавката на вакцини. Значи воопшто не станува збор за некаков застој заради наша неподготвеност, туку заради едноставно сложените процедури, одлуките и дозволите на партнерите, објасни министерот.