Пановски: Со целосен карантин ќе се намали бројот на заразени и ќе го одложиме проблемот

Сподели

 

“Вакциниран сум со „Фајзер“, и моите колеги се вакцинирани со таа вакцина. Фасцинантни се резултатите на тие што ја примија првата доза. Антителата се многу високи, втори податоци кои ќе ги ставам на ранг листата е „Спутник“. По 21 ден, на стотици вакцинирани антителата беа многу високи, со антитела над 100” – вели проф. д-р Никола Пановски, микробиолог во Студио 10 на ТВ24.

 

“Голем отпор кај населението ќе дојде доколку се воведе целосен карантин односно како изминатиот период кога имавме тридневно заклучување. Во одредени земји е јасно зошто се става карантин, како пример во Германија каде е во тек вакцинацијата. Таму по два месеци ќе имаат имунизирани луѓе, а вирусот нема да се прошири. Кај нас само ќе се намали бројот на заразени  и ќе го одложиме проблемот, бидејќи во овие моменти далеку сме од имунизација, вели Пановски во „Студио 10“.