ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во планинските подрачја ќе провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, во источните од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени.

 

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. T= 10 °C, P= 977 hPa, U= 38 %, V= 2 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер).

Од сабота до понеделник, под влијание на влажен бран ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.