Денес почнува манифестацијата „Струшки книжевни средби – 2016“.

Сподели

Images

Од денеска до 9 јули, во Струга, Охрид и во Вевчани се одржува манифестацијата „Струшки книжевни средби – 2016“.

Програмата почнува на Вевчански извори, каде ќе се одржи Меѓународно поетскo матине, а свои песни ќе читаат поети од Македонија, Албанија, Бугарија, БИХ, Полска, Романија, Словенија, Србија, Хрватска…

Хрватското книжевно друштво од Риека ќе се претстави со стихови на поетите: Хрвојка Миловановиќ-Салопек, Валерио Орлиќ, Срѓан Духовиќ, Жаклина Глибо, Никола Шимиќ-Тонин, Анте Грегов, Љубица Рибиќ и Мирјана Мајиќ.

Во Црквата „Св. Никола“ ќе се одржи Портрет на Олга Лалиќ-Кровицка (Полска) – лауреат на наградата „Книжевна далга“ за 2016 година. Промотори ќе бидат: Мишо Китановски и Васил Тоциновски. Песни од творештво на наградените ќе чита Верица Мукоска, а предвидена е и промоција на книжевните списанија „Хелис“ – (Романија) и „Нестор“(Полска). Промотори се Ѓорѓи Добре, Тоде Илиевски, Олга Лалиќ-Кровицка и Васил Тоциновски.

На 8 јули, петок, манифестацијата продолжува во Струга, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, со изложбата „Луѓе и птици“ на Христо Петрески. За постановката ќе говорат Васил Тоциновски и Искра Пенева.

На 9 јули, сабота, во Струга, пред црквата „Свети Ѓорѓија“ ќе се одржи поетски настан, со настап на учесниците на манифестацијата „Струшки книжевни средби 2016“.

Ќе има врачување на големата награда „Книжевна далга“ за 2016 година, на лауреатот Олга Лалиќ-Кровицка (Полска) – доделена од советот на манифестацијата „Струшки книжевни средби“. Ќе биде врачена и меѓународната награда „Струшко слово“ на Виолета Димова (Македонија) и на Ѓорѓе Добре (Романија), доделена од редакцијата на ревијата за книжевност „Бранувања“. Реч за добитниците на наградата ќе имаат Христо Петрески и Тоде Илиевски.

Ќе се додели и наградата „Книжевни бранови“ за најдобра прочитана песна на поет од Македонија и од странство.

meta.mk