Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во гостување во вестите на Телма, говореше за новата регулатива на Европската Комисија, која денеска ја објави претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, со што ќе профункционира солидарниот фонд на Унијата, од каде вакцини терба да добие и нашата земја.
Сега за да се подобри механизмот за респределба на вакцини, ЕУ воведува нова регулатива, која опафаќа две промени во постоечкиот механизам. Прават промена значи реципроцитет односно ќе се следи дали државата која ги произведува вакцините, го ограничува сопствениот извоз на вакцини или нивни суровини. Втората воведена измена во посточекиот механизам се однсеува на пропорционалност, што значи дека ЕУ се залага за пропорционална распределба на вакцините, а тоа ќе се утврдува според тоа дали условите што преовладуваат во земјата се подобри или полоши од оние на ЕУ, особено епидемиолошката состојба, стапката на вакцинација и пристапот до вакцините.
-Овие информации се однесуваат исклучиво на механизмот на солидарност односно на вакцините коишто доаѓаат од земјите членки на ЕУ. Ние и на тој механизам, интензивно работиме во изминатиот период. За тоа е веќе потврден грантот, некои детали уште се разработуваат и секако некои детали во однос на одговорностите што се однесуваат на трилатералните договори. Тоа значи дека тој механизам на солидарност на ЕУ дефинитивно ќе профункционира после сите оние надминувања на тие проблематични елементи, а тоа пред се беше тоа што и самите компании не испорачаа доволно дози кон земјите членки на ЕУ. Ова не се однесува никако на нашите билатерални директни разговори со компании, вклучувајќи ги и европските производители. Конкретно со Астра Зенека ние веќе имаме потпишано договор преку Ковакс механизмот, меѓутоа еве ги чекаме и финалните информации од компанијата Фајзер, а се однесува на одговорноста на несаканите ефекти, односно кој ќе ја преземе, како и на кој начин. Тоа е нешто на што навистина потрошивме доста време. Секодневно разговараме и јас верувам дека овие денови тоа прашање ќе се расчисти – рече Филипче.
ЕУ за да добие целосна слика за распределбата на вакцини во новата регулатива вклучи 17 држави меѓу кои и Република Северна Македонија.