Санкционирани 134 возачи во Скопје – 15 санкции за возење без возачка дозвола

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59, 15 санкции за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни во јавен превоз.

Изречени се осум санкции за користење мобилен телефон, шест санкционирани возачи на  мотоцикли, две мерки за некористење сигурносен појас и 14 санкции за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.