“Ми претставува чест и задоволство од свое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да Ви го честитам овој толку важен ден за ромската заедница, односно полни 31 година од прогласувањето на 8 Април за Светски ден на Ромите од страна на Обединетите нации, одбележувањето на 50-годишниот јубилеј од првиот Ромски конгрес од 1971 година, и секако, 20-годишнината од впишувањето на Ромите во Уставот на Република Северна Македонија”, упати честитка претседателот на Собранието, Талат Џафери.
“Во ова заедничко општество кое сите го градиме, поединечно а сепак заедно, различностите се нашиот главен адут со кој му претставуваме на дело на светот што значи да живееш и твориш имајќи во секој миг, и на секое поле од општественото живеење меѓусебна почит и разбирање. Градењето на инклузивно општество, со достоинствени услови за живот, творење, напредување на секој поединец е наша обврска која произлегува од ратификуваните универзални декларации, од Стратегијата за Ромите и Стратешките планови на Владата, така што во ниту еден миг не смее да се доведе во прашање целосната интеграција на сите наши граѓани. Ве уверувам дека јас лично, и Собранието на Република Северна Македонија, сме тука за ставање во сила на секој преземен чекор кој што ќе биде во насока на исполнување на тие заложби. Секако, тоа ќе биде заедничка придобивка, и за граѓаните, и за државата.
Упатувам искрени желби за личен и колективен напредок, добро здравје, благосостојба и убаво поминат ден во кругот на Вашите најблиски.
Почитувани граѓани, припадници на ромската заедница во Република Северна Македонија, честит 8 Април!”