“Македонскиот Дон Кихот” од Константин Плевнеш на “Балкан трафик” во Брисел

Сподели

 

Документарниот филм посветен на еден од најголемите македонски сликари Владимир Георгиевски (1942-2017), “Македонскиот Дон Кихот”, во режија на Константин Плевнеш, а во продукција на ЕФА и со поддршка од Агенцијата за филм, ја продолжува својата европска и светска одисеја.

 

 

Имено, на годинешното издание на фестивалот “Балкан трафик” (21-24 април), во официјалната програма на фестивалот, филмот ќе се најде во придружба на исклучително значајни имиња од балканскиот културен простор во претсолнината на Европа.

За одбележување е присуството во програмата на Ибрахим Малуф, Теодосиј Спасов, Неле Карајлиќ, Васил Хаџиманов, а посебен акцент е ставен на презентацијата на Нови Сад како “Град на културата на Европа за 2021 година”.

Веле Митаноски