Вечерва нема полициски час – од утре повторно е на сила од 21 часот

Сподели

 

Утринава излезе информација дека денеска и утре нема да важи забраната за движење после 21 часот.

Меѓутоа, полицискиот час е укинат само за денеска, додека утре повторно се враќа на сила и ќе почне од 21 часот.

Според одлука на Владата, од 28 април полицискиот час важи од 21 до 5 часот, а исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови меѓу 1 и 2 мај за време на Велигден, и вечерта меѓу 13 и 14 мај за Рамазан бајрам.

Новите мерки важат до 15 мај.