Ново откриена планета со 3 сонца

Сподели

13641301-10154343100572495-2607615434482524799-o_orig

Домашната планета на Лук Скајвокер, Татуин беше чудно претставена со две сонца на небото. Е сега замислете планета со постојана дневна светлина, или тројно зајдисонце и изгрејсонце во денот во зависност од годишното време. Ваков свет е откриен од астрономи користејќи го Многу големиот телескоп на Паранал.

На оддалеченост од 340 светлосни години од нас, овој систем е стар околу 16 милиони години со што е меѓу најмладите досега пронајдени системи со планета. Со температура од 580° С и маса еквивалент на 4 наши Јупитери, исто така ова е една од најладните и најмали планети пронајдени преку директно набљудување.

13568831-10154343100622495-7567237343515655618-o_orig

Снимка од Многу големиот телескоп (VLT) каде се гледаат трите ѕвезди и планетата (с) ЕЅО

13641301-10154343100572495-2607615434482524799-o_orig

Изгледот на ѕвездата (ѕвездениот систем снимена со обичен телеобјектив од 400мм (с) ЕЅО

За време на половина од орбитата која трае 550 земјени години, три ѕвезди се видливи на небото, побледите две се секогаш блиску до себе и ја често менуваат меѓусебната оддалеченост. Во тие услови кога сите ѕвезди се од една страна има услови за појава на ноќ и тројно зајдисонце и изгрејсонце во денот. Во друго годишно време кога ѕвездите се на спротивни положби има појава на константен ден, бидејќи додека едната ѕвезда заоѓа, другите две изгреваат. Ова се случува за време од една четвртина од орбитата или 140 години.

13641255-10154343100562495-994119863696516707-o_orig

Оваа уметничка претстава ја опишува орбитата на планетата во тројниот ѕвезден систем. Две од ѕвездите се близу една до друга, а третата најмасивна и најсјајна е таа чија планета е набљудувана (с) ESO

Според досегашните набљудувања и симулации централната ѕвезда е околу 80% помасивна од Сонцето околу која орбитираат уште две помали ѕвезди на оддалеченост од 300 а.е. (астрономски единици) додека двете помали ѕвезди орбитираат околу себе на оддалеченост од 10 а.е.

Ново откриената планетата орбитира на оддалеченост од околу 90 а.е. двојно пооддалечена од својата матична ѕвезда отколку што е Плутон оддалечен. Доколку планетата би била поблизу до другите две ѕвезди би била гравитациски исфрлена од системот.
Автор: Сара Младеновиќ