Вархеји и Силва пристигнаа во Скопје

Сподели

 

Министерот за надворешни работи на Португалија, Силва и комесарот Вархеји денеска престојуваат во Скопје и Софија, со цел да разговараат со официјалните претставници на двете земји за проширувањето на ЕУ, можноста за одблокирање на процесот со цел одржување на првата меѓувладина конференција со Македонија.

 

 

“Силва и комесарот, Вархеи само што слетаа во Скопје, доаѓајќи во важен период за нашите евроинтеграции, носејќи со себе нов поттик на португалското претседателство. Сите треба да бидеме на висината на задачата за да ги зачуваме перспективите на заедничката европска иднина, – напиша шефот на дипломатијата Бујар Османи на својот Фејсбук профил.

 

 

Претходно во Софија, Силва и Вархеји се сретнаа со бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев, кој рече дека Бугарија е отворена за активен, отворен и целосен дијалог со Република Северена Македонија.