Охриѓаните Владо Маркоски и Сашо Тренески, вљубеници во природата и убавините на националниот парк, сосема случајно наише на мало од срна, оставено само и со слаби знаци на живот. Решиле да останат во негова близина и да чекаат, во надеж дека ќе се појави неговата мајка, но откако тоа не се случило во наредниот час, ги известиле вработените во Јавната установа национален парк Галичица.
Набрзо срнчето било преземено од вработени во Националниот парк.
Од НП Галичица упатуваат голема благодарност до спасителите и нивните семејства, како и до ветеринарот Танкоски кој ја следи здравствената состојба на Дарби. Се надеваме дека ова срнче ќе живее среќно и долго во Националниот парк Галичица.
Nationalparkgalicica fb