Подигнати 152 непрописно паркирани возила од јавните површини

Сподели

 

Во текот на изминатата недела, со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 152 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 21 возило е отстрането од зонските паркиралишта, а другите 131 возило по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 230 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 21 возило е отстрането со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.