Мијалков останува во Шутка – судот ја одби гаранцијата

Сподели

 

Апелацискиот суд во Скопје ја одби гаранцијата која ја понуди поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков и донесе одлука тој да остане во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

Претходно, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот Кривичен суд – Скопје го одби како неоснован предлогот на одбраната на Сашо Мијалков за укинувањето на мерката притвор со понудена гаранција од 10,871,170,00 евра.

Кривичниот суд соопшти дека Советот, по проучување на списите во предметот, смета дека сè уште постојат причини поради кои била определена мерката притвор имајќи ги предвид видот и карактерот на кривичните дела како и висината на изречената казна.

За оваа одлука, одбраната на Мијалков поднесе жалба до Апелациски суд, која денеска го потврди решението на Основен Кривичен суд.