ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. УВ=9.

Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степени.

 

 

Во Скопје се очекува мала до умерена облачност со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 40 степени.