Данска ќе донира вакцини „АстраЗенека“ за земјите од Западен Балкан

Сподели

 

Данска ќе донира два милиона дози од вакцината „АстраЗенека“ на земјите од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Косово, како и дополнителни милиони дози од истата вакцина за програмата КОВАКС, пренесува МИА.

Данскиот министер за надворешни работи, Јепе Кофод, изјави дека е задоволен што може да им помогне на блиските партнери со вакцини, како најефикасното оружје против пандемијата.

Данската Влада соопшти дека донацијата преку системот КОВАКС првенствено е наменета за земјите од Северна Африка и Бутан.